Заврши 14 ликовна колонија Дрен 2022

Заврши 14 ликовна колонија Дрен 2022 што ја реализираше ЦК „Марко Цепенков“ со финансиска поддршка на Министерството за култура. Твореа 22 уметници, сликари и скулптори од земјава и од странство, кои создадоа 30 слики и седум скулптури.

Своите инспирации на платно и во скулптура ги преточија Мирослав Живковиќ од Србија, Беди Ибрахим, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓуров, Слободан Милошевски, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Филип Перески, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Бони Барутовска, Бојана А. Трпческа, Филип Јовески, Методи Исков, Славчо Павлески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Александар Џинго, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Марјан Стојаноски и Сарита Конеска.

На завршницата на колонијата на уметниците им беа доделни пригодни благодрници за учество, а беа изложени и сработените дела.

Уметниците не го криеа своето задоволство од учеството на колонијата. Велат дека Прилеп е инспиративен град, дека одлично се дружеле, твореле и размениле мислења за уметноста, а домаќинот ЦК „Марко Цепенков“ бил одличен организатор.

Изложбата на делата создадени на годинашната колонија Дрен 2022 ќе бидат претставени на изложба на есен. Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 370 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи