Околу 2 тони на нафта украдени од прилепската гимназија


Околу 2 тони на нафта биле украдени од прилепската гимназија во последните 10-тина денови. Според директорот на гимназијата Рубин Матески, грабежот го направил вработен во гимназијата кој веќе е суспендиран, а целиот случај бил уредно пријавен во ПС Прилеп.

„Пред 2 дена забележавме истурена нафта пред влезните скали на Гимназијата. За да видиме што точно се случило ги прегледавме безбедносните камери на кои јасно се гледа како еден наш вработен во 5 туби од по 20-тина килограми изнесува нафта од котларата. Бевме непријатно изненадени кога на снимките забележавме дека вработениот истото го правел и во претходните 10 дена, со што од Гимназијата се украдени околу 2 тони на нафта. Случајот е веднаш пријавен во полиција и на полицијата им е кажано кој е сторителот и предадени им се доказните материјали. Очекувам надлежните органи понатаму да го прoследат случајот во ОЈО Прилеп“, вели Матески.

Од СВР Битола за настанот испратија само кусо соопштение, без да се наведуваат детали.

„На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп  пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот“, велат од СВР Битола.

Според првичните проценки гимназијата „Мирче Ацев“ е оштетена за околу 200.000 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи