Општина Крушево ќе започне со присилна наплата доколку не се плати данокот на имот


Општина Крушево во неколку наврати испраќаше опомени и се трудеше без примена на законските мерки за присилна наплата да ги прибере предвидените средства од данокот на имот. Тоа вроди со плод, но не целосно, информираат од Општина Крушево.

„Со цел да се обезбеди стопроцентна наплата на данокот на имот општина Крушево започнува со примена на законски предвидените мерки за наплата на побарувањата од физички и правни лица, односно присилна наплата. Средствата од данок на имот се еден од само неколку извори на финансирање на општината и затоа е многу важно истите целосно да бидат наплатени за локалната самоуправа да може да инвестира во нови проекти, кои се во корист на граѓаните. Апелираме на навремено подмирување на давачките на граѓаните и фирмите“, велат од Општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи