Информативни настани во рамките на проектот: „Потпри на младите“


Рурална Коалиција одржа 2 информативни настани во Пелагонискиот регион, Прилеп и Кривогаштани,  а во рамките на проектот „Потпри се на младите“. На инфо сесиите младите од руралните средини од Пелагонискиот регион имаа можност  подетално да се запознаат со планираните проектни активности кои што ќе се реализираат во наредниот период, но и со можностите за финансиска и техничка поддршка на локалните младински иницијативи, младинските клубови, како и да добијат насоки како активно да се вклучат во локалната заедница, да ја интензивираат соработката со општините, особено преку Локалните младински совети кои што согласно законската рамка треба да ги има и да се воспоставени во секоја општина.

Разговаравме со младите жители, претставниците на општините, како и локалните граѓански организации за потребите и предизвиците со кои што се соочуваат младите во руралните средини во Прилепско, како и во општината Кривогаштани.

Младите немаат силна мотивација за да се вклучат во волонтерски активности или пак активно да помагаат и придонесуваат во локалната заедница во која што живеат. Недостигаат информации како може да се вклучат, потоа кои се можности им стојат на располагање, па се заинтересирани дури да организираат екскурзија или патување во други општини каде што е забележан младински активизам, но и каде што се активни Локалните младински совети кои што треба да бидат водечка сила и да ги мотивираат младите да креираат и реализираат локални младински иницијативи.

Одговор на најголемиот број од овие предизвици на младите содржат токму активностите на проектот „Потпри се на младите“ особено преку програмата за обуки, менторската поддршка како и финансиската и техничка помош кои што се предвидени како мерки во истиот.

Проектот „Потпри се на младите“ има за цел да го подобри животот на младите во руралните општини преку поддршка на локални младински иницијативи низ обуки, менторирање и финансиска помош преку грантови за спроведување на истите. Проектот предвидува соработка со руралните општини за формирање и поддршка на работата на локалните младински совети.

Проектот е со времетраење од 1 февруари 2022 г. до 31 јануари 2024 г.. Целна група се младите од руралните општини во Полошкиот, Северисточниот, Пелагонискиот и Југозападниот плански регион во Македонија. Активностите на овој проект се во насока на поттикнување на соработката со локалните младински совети, младински клубови и граѓанските организации.

Проектот е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

Автор: Рурална Колиција

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи