Се „светнува“ Прилеп, градот подготвен да ги прими многубројните посетители


Чисти тревници, улици, тротоари и плоштади, и организирани мобилни екипи кои ќе се справуваат со сиот создаден отпад за време на одржувањето на четирите фестивалски вечери. Праксата изминативе години покажа дека ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, може и знае да се носи со одржувањето на хигиената пред, за време и по одржувањето на фестивалот, кога по сиот создаден хаос, градот се доведува во првобитната состојба како и ништо да не се случувало.

„Дневното одржување ќе биде како и во секој обичен ден, но по полноќ, по завршувањето на сценските настапи, комуналните работници веднаш ќе започнуваат со работа, со цел до 8 часот утрото да се постигне врвна чистота и хигиена во градов. Од 14 до 17 јули, прилепчани и многубројните посетители ќе уживаат во ладното пиво, вкусната храна и убавата музика. Додека пак, комуналните работници се подготвени да им овозможат на прилепчани, но и на посетителите врвна чистота за да уживаат четирите фестивалски денови“, вели Рубинчо Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи