На 15.07.2022 на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп. полициски службеници од СВР Битола–ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Т.К.(46) од Битола и Б.К.(48) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.07.2022 во ОВР Прилеп пак Б.М.(51) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орде Чопела“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.