Цевитана открива свежи и оригинални приказни


Витаминка преку својот бренд Цевитана ја започнува кампањата „Твојата свежа страна“ за запознавање со обичните суперхерои кои имаат исклучителни таленти и инспиративни приказни. Компанијата во соработка со нивната маркетинг агенцијата Дивижн ја започнуваат оваа кампања за промоција на урбаните херои и нивните оригинални, свежи страни, со цел да ги поттикнат и мотивираат младите за откривање на личните „супермоќи“ и развивање уникатни таленти и вештини. Како компанија која е насочена кон помагање на заедницата и поддржувајќи голем број позитивни настани и активности, со новата платформа Витаминка пред јавноста ќе промовира поединци од нашето опкружување преку нивната свежа, непозната страна. Со ова брендот Цевитана кој е синоним за свежина и кој одамна ги слави сите обични суперхерои (Кампања „За сите обични суперхерои“) прераснува во нова платформа и со нов освежен изглед.

„Кампањата ‘Твојата свежа страна’ има за цел да истакне и промовира несекојдневни лични приказни на поединци кои се специфични и оригинални по својата свежа страна, но и истовремено да ја разбуди мотивацијата кај оние кај кои таа ‘страна’ е само желба. Секој од нас во себе носи некои таленти, нешто што нè одвојува од она што е примарно, како одредена пасија, хоби, спорт, страст за нешто… Таа страна кај некого е реализирана, кај некого не е. Свежината којашто ја носат во себе сите 9 вкусови на Цевитана е бранот од нова енергија со чија помош желбата може да стане реалност“, велат од компанијата и маркетинг агенцијата.

Кампањата започнува со серијал од 9 видеа во кои ќе бидат претставени несекојдневни приказни за луѓе, урбани херои кои се околу нас, некои повеќе а некои помалку познати, но за кои не сме имале можност да ја запознаеме нивната скриена страна и свеж, оригинален талент.

Првата епизода е посветена на Ѓорѓи Чешмеџиевски (12 години) ученик и голем вљубеник во математиката, а неговата свежа страна е решавањето рубикови коцки. Учествувајќи на меѓународни натпревари тој секојдневно ги руши личните и државните рекорди, а досега има освоено над 30 медали.

Втората епизода е посветена на Владо Ѓорѓиев, познат шминкер и фотограф кој последните неколку години ја развива својата свежа страна преку изработка на кинетички скулптури со што е единствен на Балканот со ваква пасија и меѓу ретките во светот.

Останатите уникатни приказни очекувајте ги наскоро…

Цевитана – твојата свежа страна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи