Во рамките на проектот „eHelp СМакедонија: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување“ денес се одржа работилница на тема “Услуги за нега на стари лица во домашни услови”. Предавач на работилницата беше г-н Каи Леисенринг од Европскиот центар за политики за социјална благосостојба и истражување од Република Австрија.
Важноста од развојот на социјални услуги на локално ниво е важен фактор во процесот на децентрализација и јакнењето на капацитетите на општините во интерес на граѓаните. Соочени со безброј предизвици во обезбедувањето на социјални услуги за граѓаните, националните и локалните политики се повеќе се насочени кон зајакнување на соработката помеѓу општините, јавните институции и граѓанските организации за да со заедничко учество се креираат квалитетни услуги кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во локалната заедница.
Неопходно е при вововедувањето на услуги да внесеме добри практики и да обезбедиме поддршка од институции и организации кои забележале значајни успеси во обезбедувањето на социјални услуги. Република Австрија е водечка земја во Европа во обезбедувањето на социјални услуги на локално ниво, а Европскиот Центар за социјални политики за благосостојба и истражувања е препознаен насекаде во Европа по експертизата во креирањето на програми за обезбедување на социјални услуги.
Оваа работилница е можност за општините, јавните институции и граѓанските организации да се информираат за процесот на креирање и обезбедување на социјални услугу за нега на стари лица во домашни услови, и во заедничка соработка со поддршка на австриските организации да дадат придонес во дизајнирањето и обезбедувањето на овие услуги на локално ниво. Во некои оптшини социјалните услуги за нега на стари лица во домашни услови постојат и континуирано се работи на нивно подобрување, а некои општини се во почетна фаза од процесот за обезбедување на овие услуги. Можност за сите општини е поддршката од Светска Банка и ресорното Министерство за труд и социјална политика за развој на социјални услуги на локално ниво.
Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи преку несебичната заложба на неговото Аташе во нашата држава – г-н Харалд Фугер веќе долги години обезбедува поддршка на граѓанските организации и на останатите релевантни чинители да ги зајакнат своите капацитети преку споделување на добри практики од Република Австрија за развој на социјални услуги на локално ниво. Ова е од огромно значење за сите општините и давателите на услуги за обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните согласно европските добри практики.