Работилница „Услуги за нега на стари лица во домашни услови“

Во рамките на проектот „eHelp СМакедонија: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување“ денес се одржа работилница на тема “Услуги за нега на стари лица во домашни услови”. Предавач на работилницата беше г-н Каи Леисенринг од Европскиот центар за политики за социјална благосостојба и истражување од Република Австрија.

Важноста од развојот на социјални услуги на локално ниво е важен фактор во процесот на децентрализација и јакнењето на капацитетите на општините во интерес на граѓаните.  Соочени со безброј предизвици во обезбедувањето на социјални услуги за граѓаните, националните и локалните политики се повеќе се насочени кон зајакнување на соработката помеѓу општините, јавните институции и граѓанските организации за да со заедничко учество се креираат квалитетни услуги кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во локалната заедница.

Неопходно е при вововедувањето на услуги да внесеме добри практики и да обезбедиме поддршка од институции и организации кои забележале значајни успеси во обезбедувањето на социјални услуги. Република Австрија е водечка земја во Европа во обезбедувањето на социјални услуги на локално ниво, а Европскиот Центар за социјални политики за благосостојба и истражувања е препознаен насекаде во Европа по експертизата во креирањето на програми за обезбедување на социјални услуги.

Оваа работилница е можност за општините, јавните институции и граѓанските организации да се информираат за процесот на креирање и обезбедување на социјални услугу за нега на стари лица во домашни услови, и во заедничка соработка со поддршка на австриските организации да дадат придонес во дизајнирањето и обезбедувањето на овие услуги на локално ниво. Во некои оптшини социјалните услуги за нега на стари лица во домашни услови постојат и континуирано се работи на нивно подобрување, а некои општини се во почетна фаза од процесот за обезбедување на овие услуги. Можност за сите општини е поддршката од Светска Банка и ресорното Министерство за труд и социјална политика за развој на социјални услуги на локално ниво.

Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи преку несебичната заложба на неговото Аташе во нашата држава – г-н Харалд Фугер веќе долги години обезбедува поддршка на граѓанските организации и на останатите релевантни чинители да ги зајакнат своите капацитети преку споделување на добри практики од Република Австрија за развој на социјални услуги на локално ниво. Ова е од огромно значење за сите општините и давателите на услуги за обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните согласно европските добри практики.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи