ВИДЕО – Уште еден опожарен автомобил во Прилеп на ул. „Киро Фетак“ – градот станува „Див Запад“


Утринава околу 2 часот непознати сторители запалија возило „марка Пежо 206“ чии сопственици се брачен пар од кои едниот вработен во администацијата на Општина Прилеп, а другиот лекар во општата болница Прилеп. Вчера пак беше опожарен автомобилот на прилепскиот пратеник Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и автомобилот на неговиот татко. Инаку за 2 недели ова е второ опожарување на автомобил вработен во прилепската локалната самоуправа. Пред 3 недели пак запален беше автомобилот на директорот на прилепски „Комуналец“, Рубин Абрашоски. За еден месец во Прилеп се запалени 5 возила.

Од СВР Битола изјавија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 21.07.2022 во СВР Битола – ОВР Прилеп е пријавено дека околу 01.00 часот на ул„Киро Нацевски Фетак“ настанал пожар во патничко моторно возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Н.Р. (65) од Прилеп. Пожарот е изгаснат од страна на територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид изврши увидната екипа на ОВР Прилеп“, велат од СВР Битола.

Инаку повеќе месеци наназад Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп како и градоначалникот на Прилеп обвинуваат дека Прилеп се претвора во крајно небезбеден град, со чести тепачки, грабежи и запалени автомобили. И токму поради тоа бараат смена на командирот на ПС Прилел.

Од МВР пак велат дека сите случаи на тепачки и грабежи биле експресно разрешени. Но мистерија останува кој ги потпалува автомобилите во Прилеп. Вчера МВР излезе со кусо соопштение дека е лишено од слобода едно лице осомничено за пожарот на автомобилот на пратеникот Ристески, но до сега не се открија никакви други детали.

Вчера во Прилеп беа присутни и полициски службеници од Скопје и припадници на неколку полициски единици. Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за овие настани, но и реакции на органите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи