Уапсен уште еден осомничен за опожарувањето на автомобилот на Ристески, претходниот осомничен доби 8 дневен притвор, но за друго дело


Обвинителката Маријана Илиеска од ОЈО Прилеп, денеска телефонски ни изјави дека лицето кое вчера беше лишено од слобода под сомнение дека е сторителот на пожарот на автомобилот на пратеникот Ристески денеска заработило 8 дневен притвор.

„Лицето заработи 8 дневен притвор, но не за делото потпалувавањето на автомобил, туку за делото спречување службено лице при вршење на службено дејство, бидејќи кога бил однесен во полициската станица и му бил побаран мобилниот телефон тој го скршил, а телефонот се води како доказен материјал. Вчера пак околу 23 часот е лишено од слобода уште едно лице за кое се има сомненија дека можеби има информации со запалувањето на автомобилот на пратеникот Ристески. Лицето моментално е на распит во ПС Прилеп“, истакна обвинителката Илиеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи