Акциска контрола во Прилеп, приведени четири лица, 16 санкционирани возачи

Во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите четири лица се лишени од слобода, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана и против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.
Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, други 15 управувале возило без важечка возачка дозвола.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи