Илинден со најбогата програма досега

На отворањето на Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“ на 1-ви август ќе настапат 2 оркестри, 4 македонски артисти, заедно со импровизиран напад на градот и читање на Крушевскиот манифест.

Настанот ќе биде отворен на споменикот Илинден во 20 часот со настап на Македонска филхармонија и Македонска опера и балет. Околу 22 часот настанот ќе продолжи на „Гумење“ со настап на Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба.

„Досега најбогата програма не’ очекува за Илинден и Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“. На отворањето имаме плејада од македонски артисти и уметници, а во текот на манифестацијата ќе имаме програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар, проекција на македонски филмови и друго.“, велат од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

Еден од настаните кој привлекува големо внимание е изложбата на Зоран Кардула која ќе се одржи на 4-ти август во споменик Илинден. Изложбата ќе биде „зачинета“ со ди џеј сет на Томи Бојаџи.

„Star Wars & Makedonium – Изложба на илустрации инспирирани од серијалот Star Wars и вонвременскиот изглед на Македониумот. Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи. Настанот е дел од овогодинешната програма на Десет дена Крушевска Република.“, стои во настанот на Фејсбук.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи