Градоначалникот Христоски со повик за достоинствено прославување на Илинден

Празникот Илинден не само што е голем празник, туку е наша одговорност да го одбележуваме, славиме и чуваме. Споменот на Илинденците, споменот на создавањето на нашата држава е должност која треба да ја пренесеме на помладите генерации, истакна градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски во денешното обраќање до граѓаните.

 

Илинден не’ повикува да бидеме единствени, да бидеме демократи кои се почитуваат едни со други и ги почитуваат институциите. Идеалот на Илинден може да биде претставен на вистински начин само преку покажување на толеранција, достоинство и мирно одбележување. Се’ друго е само непочит и заборав на оние кои се бореле за автономна Македонија.

Илинден – нашата сила за иднината

Posted by Томе Христоски on Wednesday, July 27, 2022

„Достоинствено, со висока доза на почит и гордо да го одбележиме Илинден 2022 година. Илинден е празник на сите и секој од нас има еднаква можност да го одбележува на свој начин, но должност е да бидеме достоинствени како Илинденците, да не ги забораваме идеалите и да се раководиме од Крушевскиот манифест. Илинден е на секој граѓанин и тоа никој никогаш нема да го смени.

Илинден не’ повикува да бидеме единствени, да бидеме демократи кои се почитуваат едни со други и ги почитуваат институциите. Идеалот на Илинден може да биде претставен на вистински начин само преку покажување на толеранција, достоинство и мирно одбележување. Се’ друго е само непочит и заборав на оние кои се бореле за автономна Македонија.

Ова е проглас од еден Македонец кон сите свои сограѓани – Илинден да го одбележиме како што доликува, а Манифестација „Десет дена Крушевска Република“ да ја проследиме со внимание заради својата национална вредност.

Сите сме деца на Илинден. Илинден – нашата визија за иднината.

Драги сограѓани, Ве очекуваме во Крушево!“, вели Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи