Градоначалникот Јовчески им се заблагодари на пожарникарите од ТППЕ Прилеп за нивната работа и пожртвуваност

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ја посети ТППЕ Прилеп и им се заблагодари на пожарникарите за нивната работа и пожртвуваност при справување со огнената стихија која ги проголта домовите на 4 прилепски семејства.

Како што истакна градоначалникот, несебично и ризикувајќи го својот живот пожарникарите дадоа се‘ од себе колку што е можно побрзо да го изгасат огнот, обидувајќи се што е можно повеќе да ги зачуваат куќите во оваа непогода.

„Вашата битка, со огнените јазици е повеќе од херојство и градот Ви благодари за несебичната пожртвуваност и напорот кој го направивте, да ги спасите домовите и животите на луѓето и да не дозволите пожарот да се прошири и врз другите куќи.

Благодарност упатувам до сите Вас, подеднакво!

Суштината на пожарникарската професија е спасување, помагање и пожртвуваност. Токму, такви луѓе сте Вие – професионални и одговорни.

Градот е горд што има ваква пожарникарска служба и вакви пожарникари, совесни, одговорни и посветени професионалци!

Затоа, во мое име, и во името на локалната самоуправа, сакам симболично да Ви доделам Благодарници од Општина Прилеп, во знак на почит за Вашата пожртвувност во изведувањето на работните задачи!“, истакна Јовчески.

Во разговор од страна на пожарникарите беше посочено со какви предизвици се соочуваат, како од технички аспект, организациски, но и немањето на доволен број на пожарникари. Од страна на градоначалникот Јовчески пак, беше ветено дека Општината ќе направи се што е во нејзина моќ што е можно побрзо да ги исполни ветувањата за поголема бројност, но и подобра техничка опременост на ТППЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи