Општина Крушево набави нов камион за комунален отпад

Општина Крушево за потребите на ЈКП Комуна Крушево преку проектот за “Подобрување на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно богатство”, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа, набави ново современо возило за управување со комунален отпад.

Возилото  е наменето за потребите на општина Крушево и со него ќе се подобри комуналната чистота во градот и околните населени места и ќе се овозможат поквалитетни комунални услуги за граѓаните кои живеат во овој дел  од регионот. Исто така набавката на ова возило ќе придонесе кон намалување на појавата на неконтролирано одлагање на комунален отпад особено во руралните средини.

Преку унапредување на квалитетот на системот за управување со отпад, доминанто претставен преку комуналните претптријатија, проектот со своите активности придонесува и кон  заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во Пелагонискиот регион.

Вкупната вредност на проектот изнесува 4.287.318 денари, средства обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година на Министерството за локална самоуправа.

Ова е трето возило кое општина Крушево го набавува за процесот на собирање и транспорт на отпад. Претходно преку Министерството за локална самоуправа обезбеди камион, а во соработка со Амбасадата на Германија – трактор со приклучна механизација. Општината во изминатите години обезбеди повеќе од 50 контејнери и над 400 корпи за отпад.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи