Вечерва изложба на Зоран Кардула инспирирана од серијалот „Стар Ворс“ во Македониум


Зоран Кардула и изложбата инспирирана од серијалот „Стар Ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден ќе ја исполнат денешната програма во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

„Во присуство на голем број гости вчера, во рамки на 3-от ден од „Десет дена Крушевска Република“, се емитуваше филмот „Хомо“. Филмот се проектираше на „летната сцена“ позади Музејот на НОБ, а се работи за македонска продукција која доби награда за најдобар игран филм на меѓународен натпревар во Англија. Денес на програмата е изложба на Зоран Кардула со ди џеј сет на Томи Бојаџи. Почетокот е закажан за 20 часот, а локацијата е споменикот Илинден“, велат од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи