Приведен прилепчанец – пренесувал мигранти со товарно возило

Полициски службеници од ОВР Дебар вчера околу 13.30 часот во Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ. (58) од Прилеп.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Т.Ѓ. е проведен затоа што во приколка од товарно возило кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти: А.Ш.(25) и М.Х. (38) од Сирија, Е.Т. (24) и И.И. (27)  од Пакистан и М.Д. (20) од Авганистан.

„Т.Ѓ. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитен центар „Табановце“ за натамошна постапка“, информира МВР

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи