Во текот на изминатата вечер (11/12.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се седум возачи, од кои пет за возење без возачка дозвола.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.