Кривични пријави за 4 прилепчани кои спречувале полициски службеници да извршуваат службени дејствија

Play Video

СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32), А.М.(26), Д.П.(33) и П.О.(43), сите од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривични дела по чл.382 од Кривичниот законик, за „спречување  службено лице во вршење службено дејствие“ и по чл.386 од Кривичниот законик – „насилство“.

Имено, на 14.08.2022 околу 18.00 часот, во угостителски објект во Прилеп, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале В.Н.. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници од ОВР – Прилеп кои од страна на пријавените биле спречувани во преземањето на службени дејствија. Лицата биле лишени од слобода, а од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп изречена е мерка куќен притвор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи