Маричиќ: Инвестициска офанзива со европски пари во 2023 година

Facebook
Twitter
Email
Print
Play Video

Се подобро ги искористуваме фондовите на Европската Унија, но има простор за подобрување и ќе продолжиме. На почеток од 2023 година следува нова инвестициска офанзива со европски пари, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата.

Маричиќ појасни дека на тековниот повик за инвестициски грантови, Македонија учествува со три нови проекти во вкупен износ од околу 53 милиони евра и тоа два проекта од областа на енергетиката – реновирање на шест хидроцентрали и изградба на ветернички парк во Богданци и еден од областа на заштитата на животната средина – изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југозападен и Југоисточен регион.

Македонија, како што посочи, учествуваше во сите 28 повици за техничка помош кои се досега објавени и на сите седум за инвестициски грантови, по одобрени 43 грантови во вредност од 2,6 милијарди евра за вкупна вредност на инвестиција од 421,4 милиони евра надополнети со заеми од околу 600 милиони евра.

„Доаѓаме до скоро 230 евра по глава на жител што ја става Македонија на второ место по искористеност на европски средства на инвестицискиот фонд за Западен Балкан веднаш после Црна Гора. На крајот на јули оваа година, ЕУ ги одобри првите проекти за спроведување на економскиот инвестициски план за Западен Балкан. Ние аплициравме со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив во износ од 225,6 милиони евра“, рече Маричиќ.

Одобрените проекти на последниот повик, како што појасни, се следни: за проектот изградба на железница меѓу Македонија и Бугарија во рамки на Коридор 8 секција Крива Паланка – граница со Бугарија доделен е грант во износ од 149, 2 милиони евра, за проект за набавка на опрема за Осломеј 1 Фотоволтаична станица 1,6 милиони евра, за проект за набавка на опрема за фотоволтаичните централи Осломеј 2 и Битола грант во износ од 5 милиони евра, како и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје грант од 69,8 милиони евра.

Вицепремиерот додаде дека во рамки на шестиот повик за инфраструктирни грантови одобрени се грантови од 1,1 мјилијарди евра за сите шест земји од регионот, а проектите од Македонија учествуваат со 20,5 проценти од овој одобрен износ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи