Прилеп домаќин на Европско првенство во воздухопловно спортско моделарство 2022

 

Во Прилеп од 16-ти до 20-ти август ќе биде собрана европската елита на воздухопловно спортско моделарство, кои ќе се натпреваруваат во 3 категории Ф-1-А, Ф-1-Б и Ф-1-Ц. На Европското првенство 2022 FAI во спортско воздухопловно моделарство, модел на авиони, класи F1A, F1B, F1C, ќе земат учество над 200 натпреварувачи од 26 земји.

Натпреварувањата се одржуваат во близина на с. Веселчани, каде има идеални услови за овој вид спортски натпреварувања.

„Ова е голем воздухопловен спортски настан, а Прилеп е горд што е домаќин на еден ваков голем и значаен спортски настан. Особно ни’ е чест што можеме да го понудиме нашето гостопримство на европската спортска воздухопловно – моделарска елита“ – истакна градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, прогласуваќи го Европскиот шампионат на воздухопловното спортско моделарство 2022 за отворен.

На ова европско првенство организаторите и учесниците очекуваат да бидат презентирани новите технологии, електрониката, високите психо-физички карактеристики на спортистите кои што се дел од Евроспкиот шампионат и се очекува да бидат постигнати поголеми, врвни резултати од учесниците.

Организатор на „Европското Првенство 2022 FAI“ е Воздухопловната федерација на Македонија и ВК “Фил Феникс” од Прилеп, кои веќе 20 години наназад реализираат успешни спортски натпреварувања од европски и светски ранг, во различни категории, токму во Прилеп, со што го ставаат Прилеп на мапата на престижните спортско – воздухопловни дестинации во светот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи