На локалитетот Врбјанска Чука кај Прилеп пронајдени најстарите копролити во Македонија

Play Video

На локалитетот Врбјанска Чука кај Прилеп е пронајден досега најстариот измет во Македонија. Пронајдени се брбушки од коза (во науката познати и како копролити) и се „произведени“ пред околу 8 000 години, објави на својот ФБ профил, раководителот на истражувањата Гоце Наумов од Центарот за истражување на праисторијата.

Наумов пишува дека назаслужни за ова откритие се археоботаничарите Феран Антолин и Амалиа Сабанов.

Инаку веќе седма година по ред продолжуваат истражувањата на овој неолитскиот локалитет кај Прилеп каде е откриена неолитска населба тумба, која се претпоставува дека е стара околу 8.000 години. Ова е едно и од првите места на европскиот континент каде за прв пат луѓето започнува да се занимаваат со земјоделство, односно одгледување на жито. Во моментов се истражуваат последните етапи од тој неолитски живот тука.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи