Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат.
Цената на дизелот ќе порасне за 2 денари. Со тоа од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросушер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)