ВИДЕО – Нема субвенции за овците, сточарите најавуваат протести и бараат оставка од министерот


Одгледувачите на овци се револтирани бидејќи се уште нема субвенции за 2021 година. Велат субвенциите доцнат, а не пак да се даваат авансно како што ветуваше министерот за земјоделство. Земјоделците рекоа дека ќе наскоро ќе организираат протест и побараа оставка од министерот.

„Значи утре да ни бидат пуштени субвенциите протест ќе има. Зошто? Порадо тоа што е пробиен секој рок. Субвенциите требаше да се исплатат до 30 јуни, а веќе сме крајот на август, а субвенции нема. Донесовме решение да побараме оставка од овој министер кој за нас не е  министер. Истиот тој ни кажа не ме притискајте ќе гледам да ги исплатам субвенциите во најбрз можен рок. А тоа значи до крајот на април да ги земете субвенциите“, рече Митко Јанков, претседател на здружение Агро центар од Велес.

Сточарите прашуваат како ќе купат храна и се што е потребно за стоката без тие средства. Рекоа дека иако побарале забрана за извоз на житни култури за да купат поевтина храна, но државата тоа не го испочитувала, а сега храната била со астрономски цени. Велат погрешните политики во земјоделието за овие 30 години го уништиле сточниот фонд кај нас.

„Имам само еден апел до сите политичари во Македонија да мислат малку на оваа гранка, овчарството. Дали мислат целосно да го уништат или не. За време на Југославија Македониија имаше од 2 до 3 милиони грла на овци, сега имаме само 400.000“, додаде Амет Скендер, претседател на здружение „Даши“ од Дебар.

 

„Доцнат секоја година со субвенциите, навреме не се исплаќаат, оваа година и инфлацијата тие пари што треба да ги земеме ни ги јаде, 50% треба сега да платиме повеќе за храна“, рече Серхан Ушкоски, здружение „Орлови бари“ од Битола.

 Деновиве ќе се знаел точно датумот и локацијата на протестот на одглчедувачите на овци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи