Урнати гробови од вчерашното невреме во Прилеп


Невремето кое вчера го зафати Прилеп, освен урнати покриви на згради во населбата Димо Наредникот, искинати кабли од електрична енергија во населбата Бончејца, предизвикало и оштетување  на дел од гробовите на новите градски гробиишта.

До нашата редакција граѓани испратија фотографии од овие непријатните слики кои ги пречекале утринава, кога ги посетиле вечните почивалишта на нивните најблиски.

Граѓаните велат дека освен гробовите од невремето урнати биле и неколку дрвја, а дополнителен проблем за нив претставувала и неискосената трева, која веќе подолг период наназад никој од надлежните не сака да ја уреди.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи