Во Прилеп во вчерашното невреме наврнаа 11 литри дожд на метар квадратен

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, 21 литар на метар квадратен, а најмалку во Пожаране, Претор и Демир Капија, еден литар.

Како што соопшти УХМР, до 8 часот утрово се измерени и 13 литри во Крива Паланка, 11 во Прилеп, 4 во Тополчани и Ѓуриште, како и 2 во Битола, Штип, 1 Пожаране, Претор, Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо, од пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 5.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи