Од 8-ми август 2022 г. ЈП „Комуна“ Крушево и општина Крушево започнаа со испитување на гравитационите извори. Овој процес опфаќа проверка на состојбата на гравитационите извори од кои со вода се снабдува град Крушево, детектирање на евентуални загуби на вода и нефункционалност во снабдувањето со вода по овој пат.
Гравитационите извори кои „Комуна“ ги има зафатено се наоѓаат на тешко пристапен терен во Бушева планина и истите ги има во голем број. Заради овие причини процесот се уште трае.
Вработени во претпријатието и Oпштина Крушево речиси секојдневно се на терен во испитување на овие околности од водоснабдувањето.
„Оваа активност се спроведува во насока на подобрување на водоснабдувањето на град Крушево, особено во летните месеци во сушни периоди. Испитувањето на состојбата на изворите е највисок приоритет на ЈП „Комуна“ во процесот на справување со повремените проблеми во водоснабдување и недостаток од вода за пиење“, велат од јавното претпријатие.