На 23 август 2022 /вторник/ од 20.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи етно класичниот хор „Серенада“. Диригент е Петар Џартовски. Хорот „СЕРЕНАДА“ е чувар на културно уметничко богатство. Постои повеќе од три децении. Порано се викал „Борец“, а сега се вика етнокласичен хор „Серенада“.
Во изминатите години успешно настапувал на бројни манифестации, а во 2018 година се претставил во Република Грција на Меѓународна смотра на хорови од Европа и Блискиот Исток, каде е добитник на плакета и ЦД во кое се опфатени сите хорови кои настапувале на фестивалот. Од 2019, кога хорот го презема диригентот Петар Џартовски, настапува на: Прилепско културно лето, Меѓународен хорски фестивал – „Скопје пее“, на 20-годишен јубилеј на Универзитетот трето доба, Манифестација „Вања Лазарова“, 75 години од одржувањето на Главната конференција на АФЖ.
Во програмата Хорот „СЕРЕНАДА“ исполнува етно-класични песни од македонското поднебје, обработени за хорска изведба, од Шуплевски, Стеван Гајдов, Бадев и др. и новокомпонирани македонски песни .
Во хорот членуваат лица вљубеници во хорското пеење. Диригентот Петар Џартовски е професионален музичар, пензиониран од Македонска опера и балет и хорот многу му значи за продолжување на музичките активности.