Министерството за труд и социјална политика ја демантира информацијата за наводно кратење на додатокот од 1000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош и ја известува јавноста дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата.
„Додатокот од 1000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно. Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството“, велат од МТСП.