ВИДЕО – Катастрофа во Лажани – уништени домови, угостителски објекти, погони – жителите се жалат на неисчистени канали


Катастрофално невреме го зафати вчера селото лажани во Општина Долнени при што се поплавени 50-тина куќи кои се лоцирани по течението на селската река. Комплетно се унишпени домови, угостителски објекти, продавници, ии помали производствени погони. Жителите со солзи велат дека штетите се 100%, уништено им е се што печалеле целиот живот. Бараат помош од општината и државата. Влеат среќа е што нема повредени или жртви.

Беше страшно, опасно беше по живот, ова беше голема катастрофа. Досега, 55 години имам и не памтам дека ваква катастрофа да имало овде во село Лажани. Ова е масакр, катастрофа е направено овде, голема штета. Е сега како ќе биде, што ќе биде не знаеме. Не можевме ништо да спасиме, се познава до каде е водата, од соба ни ги зеде стварите, толку можам да кажам“, вели еден жител на село Лажани.

 

Штета имаме огромна, цела куќа, покуќнина се ни е упропастено, поплавено, однесено, значи нема ништо здраво. Од апарати немаме ништо останато, од фрижидери, електрика ништо нема. Покуќнина се е однесено, сето е поплавено 100%, значи немаме ништо здраво во куќите останато, се што е можно да се искористи се ни е уништено.

 Сега како понатаму?

 Ни сами не знаеме како понатаму, еве чистиме, раслистуваме ама не знаеме од каде да почнеме. Катастрофа жива ни се случи за еден час“, додаде друг жител на село Лажани.

Жителите велат дека најголемиот проблем го гледаат во неисчистените канали кои се полни со вегетација, но и со ѓубре и шут кое го фрлаат несовесни граѓани. Сето тоа не дозволува проток на водата. Велат дека е потребно итно чистење на каналите и изградба на ново речно корито во Лажани за да не се повторуваат вакви катастрофи.

Обилни дождови кога има, не ги чистат каналите и се затнуваат, не ги чистат и ете ти ја поплавата. Реката е тесна, коритото е тесно и нема водата каде да оди, нема каде и в куќи. Никој не води грижа за народот, само кога ќе дојдат за гласање само тогаш не бараат, инаку никој ни не бара ни не прашува“, истакна еден жител на Лажани.

 

Тоа беше стварно катастрофа, досега такво нешто немам видено, тука кај нас имаше многу вода, не можевме да си дојдеме дома, беше стварно катастрофа. Досега вакво нешто не било, трагедија, стварно трагедија.

 Зошто се случи ова?

 Па не знам зошто, дали поради некои работи не средени тука, поради ѓубришта фрлани во реката, не исчистена реката“, кажа друг жител на селото Лажани.

 

Колку време не е исчистен каналот?

 Многу, не знам ни сам, не памтам кога последно е чистен.

 Од граѓаните има несовесни што фрлаат ѓубре внатре?

 Има, не само граѓаните, ама најмногу што е обраснат каналот, не е исчистен никогаш како што треба, стеснат е“, потенцираше друг жител на Лажани.

 

Садење дрва покрај реката и да се пресечат дрвата во реките, реката да се исчисти, канализацијата што е од цело село требало пречистителна да се направи, тоа нека видат институциите кои се надлежни за тоа, каде е пречистителната, а средства се дадени пред 2 градоначалници. Памперси, гуми, тоа сето може да се сними, се гледа што имаме, тоа не ни го донел некој од Пакистан или Авганистан, тоа граѓаните својот образ треба да го покажат со хигиена и со чистота“, додаде трет жител на селото Лажани.

И од Општина Долнени признаваат дека треба да се исчистат каналите. Но за жал како Општина тие немале доволно пари за тоа. За да се изгради ново речно корито во Лажани и да се исчистат сите одводни канали бараат помош од централната власт.

Речното корито е главен проблем во населено место Лажани и лично јас како градоначалник пред извесен период имам аплицирано за изградба на речното корито, со тоа да се стави крај на ваквиот несакан начин на поплавување. Исто така мора да имаме поддршка и од централната власт, ние како локална самоуправа немаме доволно средства сами да го направиме, бараме од сите надлежни органи да ни излезат во пресрет и тоа не само во населено место Лажани, туку имаме во повеќе населени места каде имаме проблеми со водотекот, односно речните корита“, изјави Урим Ибески, градоначалник на Општина Долнени.

Денеска на терен е излезена Комисија за проценка на штета од Општината, а потоа сите граѓани кои имаат штети истите треба да ги пријават во Општината. Потоа локалните власти ќе барале финансиска помош од Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи