Со посебна чест и гордост објавувам видео од комплетно уредените ултра модерни тоалети во ООУ „Климент Охридски“ Прилеп. Посебно макотрпен проект, заборавен од времето на минатиот век. Пишува на својот профил, директорот на ООУ „Климент Охридски“, Ахил Јаков.
„Посебна благодарност за донацијата за комлетното сензорно осветлување на истите тоалети од фирмата Диадема од Прилеп. Со овој проект, завршува комплетната реконструкција на сите тоалети во кругот на училиштето. Се надевам со тек на времето нашето училиште ќе биде едно од најубавите во Македонија“, пишува директорот Јаков.