Според генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, во јануари се очекува ново поскапување на струјата.
„Минатата грејна сезона успешно ја пребродивме. Но кризната состојба понатаму продолжува и пред нас следи тешка зима. Согласно законот во декември треба да се донесеме одлука за нова цена на струјата за следните 6 месеци. Сигурно е дека ќе има поскапување, но тоа ќе биде благо поскапување“, истакна Ковачевски.
Ковачевски рече дека пред нас е една од најтешките зими за период од 70 години, а државата располага со ограничени ресурси како количините на јаглен, квалитетот, хидрологијата. Сепак според него нема да има рестрикции бидејќи ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети, кои се доволни и да има потреба да се увезува електрична енергија.