ЈП „Комуна“ Крушево во помош на селата погодени од невремето


Вчера и денес (23.08, 24.08.2022г.) ЈП „Комуна“ Крушево работи на расчистување на улици и канали и асистира во тампонирање на банкини по големото невреме кое најмногу ги погоди населените места Саждево и Борино, соопштуваат од Општина Крушево.

„Во Саждево и Борино невремето ги поплави улиците и „Комуна“ излезе на терен на расчистување на каналите и улиците од надојдени наноси на земја и вода. Општина Крушево и ЈП „Комуна“ ги чистат каналите редовно, но невремето беше од несекојдневни размери и како последица беше нанесена штета“, велат од Општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи