Прилепско поле со исклучена струја поради неплатени долгови

Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите. Состојбата со АД Водостопанство станува неподнослива. Додека над 500 вработени од претпријатието веќе трет месец се без плата и здравствено и пензиско осигурување, сега подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско поле, Тиквеш поради неисплатени долгови се со исклучена струјата, стои во Фејсбук статус на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои пристигаат до него, директорот на АД Водостопанство си ги преместува канцелариите на Водно.

„Додека АД Водостопанство се распаѓа, директорот, Николовски и Ковачевски уживаат во комодитетот на функцијата. Ваквиот начин на работа, на негрижа и неодговорно однесување од страна на функционерите на власта на СДСМ стана пракса. Доаѓа крајот на ваквото расипничко однесување. Следуваат промени“, додаде Трипуновски во својата објава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи