Со голема чест и задоволство Ве покануваме во недела на 28.08.2022 г на празникот УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА- ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА заедно да го прославиме големиот јубилеј на нашиот храм 150 години од неговата изградба, информираат од црквата Успение на Пресвета Богородица од Македонски Брод.
„Утрената служба, воскресно-празнична, ќе започне во 07:30 часот. Во 08:30 пречек на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г.ТИМОТЕЈ. Во 09:00 Света Божествена Литургија. Во 11:00 ќе има осветување на вода и прекршување на лебовите, додека во 12:00 часот општонародна веселба и ручек од годинешните кумови. Нека Господ Бог и Пресвета Богородица ни даруваат здравје , милост, мир и секое земно изобилство на сите и насекаде. На многаја и благаја лета“, додаваат црквата Успение на Пресвета Богородица од Македонски Брод.