Утринава околу 01:30 под селото Радобил, шумската полиција, одзеде возило Опел Зафира натоварено со нелегално исечени дрва. Во 06:00 часот исто во близина на Радобил е откриено и одземено возило Опел Вектра караван со нелегално исечени дрва.
Против сторителите на ова дело, кои се фатени на лице место, ќе бидат поднесени соодветни пријави, а возилата заедно со дрвата се однесени во ЈП Црн Бор Прилеп.