Во центарот на Прилеп промоција на Е-книгата „Балкански детски приказни“

Промоцијата на Е-книгата „Балкански детски приказни„, реализирана од Здружението на граѓани Мултимедиа Прес-Прилеп, за да се доближат културните разлики на децата од Балканскиот Регион како дел од Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД,  беше промовирана пред публиката и предизвика голем интерес кај директните учесници на промотивниот настан, кој се одржа пред градскиот саат во Прилеп.

Настанот беше збогагатен со забавни содржини за деца, детски песничи читање на фрагменти од книгата, на забавен начин – кловнот Јојо (актерот, Михал Михалоски) ги анимираше најмладите, но и повозрасните.

Аудио снимката на Е-книгата „Балкански детски приказни“ по промоцијата е  достапна за бесплатно преслушување на платформата ЅoundСloud. Но, здружението Мултимеда прес – Прилеп во рамките на овој проект изготви и ПДФ- верзија, со авторски илустрации кои ги изготви Фили Јовески. И таа веќе е достапна за симнување на платформата issuu

https://soundcloud.com/multimedia-press/balkanski-detski-prikazni-na-makedonski-albanski-i-turski-azik?fbclid=IwAR23r0t_vtsTmEWjrCyapk90GS_kgBYZqdBOZYRy41JsKl1_lDq4Lqfhln0

Здружението Мултимеда Прес – Прилеп, со цел да го доближи проектот кој содржи приказни од Македонија, Албанија и Турциј, наменети за деца и млади, преведени на македонски, турски и албански јазик, испечати и 100-на УСБ стикови, на кои ги има аудио и ПДФ верзиијата, и ги дистрибутираше во градинки, училишта, едукативни центри во пелагонискиот регионот и пошироко, однсоно до едукатори, воспитувачи, наставници, медиуми, културни работници, со цел да ги доближи културните разлики меѓу децата и младите од овој регион, а книгата како уникатна аудио содржина од сказни за деца и млади на македонски, турски и на албански јазик, да послужи како едукативен материјал.

Во реализацијата учествуваа: Елизабета Филипоска, Гордана Цветаноска, Наташа Забрчанец, Осман Фират Баш, Елена Радевска, Барбара Јариш Макрај, Дијана Свртиноска, Емилија Малезан, Ферди Булут, Наташа Ачански, Илија Волчески, Драгица Здравеска, Филип Јовески и Никола Димоски. Е-книгата е снимена во студиото на „Радио Пела“ – вели Звонко Димоски, еден од реализаторите на овој интересен едукативен проект кој е духот на новото време.

Проектот Е-книгата „Балкански детски приказни“ од Здружението Мултимедиа Прес – ММП е поддржан од Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД, финасиран од ЕУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи