ВИДЕО – Стојаноска: Дури 69 лица се вработени во ЈКП „Водовод и канализација“ за време на СДСМ во Прилеп

Во текот на вчерашниот ден, директорот на ЈКП Комуналец, објави невиден скандал, кој потекнува од време на владеењето на СДСМ во Прилеп за кој скандал ќе треба да се позанимаваат и органите на прогон, а вакви работи  ќе обелоденуваме и во иднина. Денес како што најавивме претходно, продолжуваме со серијата прес конференции кои се поврзани со обелоденување и на партиски вработувања од времето на СДСМ во Прилеп, изјави на денешната прес конференција Стефани Стојаноска член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и советник во советот на Општина Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

Прес 06.09.2022

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден, директорот на ЈКП Комуналец, објави невиден скандал, кој потекнува од време на владеењето на СДСМ во Прилеп за кој скандал ќе треба да се позанимаваат и органите на прогон, а вакви работи ќе обелоденуваме и во иднина.

Денес како што најавивме претходно, продолжуваме со серијата прес конференции кои се поврзани со обелоденување и на партиски вработувања од времето на СДСМ во Прилеп.

Koга сме кај вработувања во време на СДСМ, нека одговорат пред јавноста, кога и на каков начин е вработена снаата за брат на Горан Сугарески несудениот градоначалник на Прилеп, во Фондот за здравствено осигурување подрчна служба Прилеп или пак сестрата на сопругата од директорот на Тутунски Комбинат, Киро Станкоски, во Тутунски Комбинат? Јавноста нека биде запознаена и со вработувањето на свеската на Горан Сугарески, Сања, исто така во Тутунскиот Комбинат.

Во една од минатите прес конференции спомнавме дека листата за ЈКП Водовод и Канализација Прилеп е огромна, што е невозможно во само еден прес, да се обелоденат сите имиња.
Потсетуваме дека за само за 4 години во периодот додека кадар на СДСМ раководеше со претпријатието, нововработени се 69 лица, замислете дури 69 лица, бројка која е блиску до половина од вкупниот број на вработени кои биле во ова претпријатие. Дополнителениот трошок за плати со овие вработувања изнесува речиси 2 милиони денари месечно.
Па така дел од позвучните имиња кои важат или некогаш важеа за партиски активисти истакнати членови или за лица блиски до партиски функционери се: Борис Стевананџија (сопруг на поранешната директорка на ООУ Кире Гаврилоски Прилеп), Никола Багески (поранешен советник во Општина Прилеп од редот на СДСМ), Мери Цветаноска (некогашна директорка на ЈП за ПУП во чие време се набавија 4-те автобуси за сума од 1 милион евра). Други позвучни имиња се Митреска Мери, Кимоска Елена, Јованоски Ѓорѓи, Глушеска Снежана, Јосифоски Панче, Стојчески Златко, Алиоски Сафет, Коруноска Снежана, Алексоска Соња, Стеваноска Менче, Трајкоска Анѓа, Спиркоска Матилда, Спасески Николче, Симоноски Владимир, Тоскоска Наде, Дамјаноски Михајло, Цуцулеска Даниела и уште многу други.

Нека не ни замеруваат останатите кои не се спомнати, бидејќи ветуваме дека ќе има и наредни прилики, затоа што списокот е долг.

Почитувани, СДСМ на локално ниво се минато. После пораз од 7500 гласа разлика, наместо да се преиспитаат каде згрешиле и зошто прилепчани ги казнија така катастрофално, глумат како да имаат изгубено осет со реалност. А реалноста е токму оваа, на која ќе ги потсетуваме во наредните прес конференции, за да знаат зошто во догледно време не само што нема да бидат локална власт, туку ќе ја изгубат и централната.
Прилеп продолжува да се развива! Тоа го ветивме пред граѓаните, тоа и ќе го оствариме.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Tuesday, September 6, 2022

„Koга сме кај вработувања во време на СДСМ, нека одговорат пред јавноста, кога и на каков начин е вработена снаата за брат на Горан Сугарески несудениот градоначалник на Прилеп, во Фондот за здравствено осигурување подрчна служба Прилеп или пак сестрата на сопругата од директорот на Тутунски Комбинат, Киро Станкоски, во Тутунски Комбинат? Јавноста нека биде запознаена и со вработувањето на свеската на Горан Сугарески, Сања, исто така во Тутунскиот Комбинат.

Во една од минатите прес конференции спомнавме дека листата за ЈКП Водовод и Канализација Прилеп е огромна, што е невозможно во само еден прес, да се обелоденат сите имиња.

Потсетуваме дека за само за 4 години во периодот додека кадар на СДСМ раководеше со претпријатието, нововработени се 69 лица, замислете дури 69 лица, бројка која е блиску до половина од вкупниот број на вработени кои биле во ова претпријатие. Дополнителениот трошок за плати со овие вработувања изнесува речиси 2 милиони денари месечно.

Па така дел од позвучните имиња кои важат или некогаш важеа за партиски активисти  истакнати членови или за лица блиски до партиски функционери се: Борис Стевананџија (сопруг на поранешната директорка на ООУ Кире Гаврилоски Прилеп), Никола Багески (поранешен советник во Општина Прилеп од редот на СДСМ), Мери Цветаноска (некогашна директорка на ЈП за ПУП во чие време се набавија 4-те автобуси за сума од 1 милион евра). Други позвучни имиња се Митреска Мери, Кимоска Елена, Јованоски Ѓорѓи, Глушеска Снежана, Јосифоски Панче, Стојчески Златко, Алиоски Сафет, Коруноска Снежана, Алексоска Соња, Стеваноска Менче, Трајкоска Анѓа, Спиркоска Матилда, Спасески Николче, Симоноски Владимир, Тоскоска Наде, Дамјаноски Михајло, Цуцулеска Даниела и уште многу други.

Нека не ни замеруваат останатите кои не се спомнати, бидејќи ветуваме дека ќе има и наредни прилики, затоа што списокот е долг.

Почитувани, СДСМ на локално ниво се минато. После пораз од 7500 гласа разлика, наместо да се преиспитаат каде згрешиле и зошто прилепчани ги казнија така катастрофално, глумат како да имаат изгубено осет со реалност. А реалноста е токму оваа, на која ќе ги потсетуваме во наредните прес конференции, за да знаат зошто во догледно време не само што нема да бидат локална власт, туку ќе ја изгубат и централната.

Прилеп продолжува да се развива! Тоа го ветивме пред граѓаните, тоа и ќе го оствариме“, изјави Стојаноска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи