Околу полноќ пожарникарите од ТППЕ Прилеп извлекле од Дабнички канал прилепчанец кој паднал во него откако се обидел истиот да го премине преку импровизираниот премин, што се наоѓа на само околу 10 метри од мостот до касарните. Случајот го пријавиле случајни минувачи кои кога го забележале како човекот лежи во реката пријавиле во полиција и во противпожарната бригада.
На лице место освен полицијата и пожарната излегла и екипа на Итната помош. Како што дознаваме од очевидци на настанот човекот имал повреди и бил во полусвесна состојба, целосно изводенет, и доколку не не го приметиле граѓаните и итно не реагирале пожарникарите, во текот на ноќта сигурно кај повредениот би настанала хипотермија со можна смрт.