На 05.09.2022 во 23.30 часот во с.Ропотово, долненско, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода И.М.(30) од с.Црнилиште. Тој бил затекнат како врши бесправен транспорт на 4 кубни метри огревно дрво.
Товарното возило „ивеко“ без регистарски ознаки и дрвата му биле одземени, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.