На 06.09.2022 во Крушево, на место викано „Порта“, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Крушево затекнале патничко моторно возило „лада нива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Крушево, кое било натоварено со нежигосани зелени дабови огревни дрва.
Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција.
По документирање на случајот против Д. М. ќе следува соодветна кривична пријава.