Денес е големиот ден за нашата општина! 7ми Септември! Денот кога го одбележуваме ослободувањето на Македонски Брод од фашистичкиот окупатор, денот кога народноослободителната војска ја протера последната фашистичка чизма од нашата територија, велат од Општина Македонски Брод.
По овој повод локалната самоуправа заедно со сите локални јавни институции организираше настан за оддавање почит на паднатите борци и мала пригодна свеченост.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 7-МИ СЕПТЕМВРИ!