Милевски: Енергетската криза ги донесе јавните претпријатија пред банкрот

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес истакна дека е доведена во прашање ликвидноста на јавните претприја, особено претпријатијата на кои водоснабдувањето им е со пумпи, што се големи потрошувачи на електрична енергија.

„Доведена е ликвидноста на јавните претпријатија, меѓутоа ние како министерство можеме само да го пренесиме нивното барање. Ние како министерство немаме финасии за тоа, ви кажав нашите средства се 1,5 милиони евра, што им ги доделуваме на општините“, вели Милевски.

Посочи дека Владата треба да донесе одлука за помош на општините и јавните претпријатија, а Министерството за финансии ако има средства или да се изнајдат, како и  да се понудат некои поволности за  општините и јавните претпријатија, со цел полесно да ја пребродат енергетската криза.

„Сепак основната клетка на комуникација на државата со граѓаните се општините и локалната самоуправа. Се разбира и јас поддржувам дека треба да изнајдиме механизам, заеднички, не само Владата, државата и локалните претпријатија, општините да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, бидејќи навистина оваа криза ќе ги удри сите, најмногу нас како граѓани. Ние живееме во градовите и имаме проблеми со осветлувањето“, вели Милевски.

Забележа дека досега имал неколку состаноци со ЗЕЛС и смета дека најитно треба да се најде заеднички јазик меѓу двете страни и да се решат проблемите. Министерот Милевски истакна дека Владата секојдневно работи на нови мерки за да се ублажи ударот од енергетската криза. Прашан за иницијативата за онлајн наставата во училишта, со цел училиштата да немаат високи сметки за струја, Милевски истакна дека оваа одлука ја носи Министерството за образование и наука. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи