Прилепчанецот Исак Илиоски, стар само 6 месеци, е најмладиот планинар кој се искачил на Голем Кораб


Малиот прилепчанец, Исак Илиоски, стар само 6 месеци, вчера заедно со своите родители Филип и Михаела и со уште 7 нивни пријатели, сите членови на здружението „Маркови точакџии“, се искачи на највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб 2.764 мнв.

Со ова Исак стана најмладиот планинар кој досега се има искачено на Голем Кораб. Инаку Кораб важи за еден од потешките врвови за искачување со должина на турата од 19 км.

Неговите родители, кои се големи вљубеници во природата, за прв пат го однесоа Исак на планина кога тој имаше само неполни 2 месеци. Велат дека нема да застанат тука и ќе продолжат со искачување на нови планински врвови.

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи