ВИДЕО – Екс премиерот Заев не се појави на судскиот процес против Иван Јованоски од Левица, деновиве се очекува пресуда


Екс премиерот Зоран Заев ниту денеска не се појави на третото и последно рочиште од судскиот процес кој во Прилеп се води против локалниот модератор на Левица, Иван Јованоски, кој е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на екс премиерот за инцидентот кој се случи лани за празникот 11 Октомври на Паркот на Револуцијата во моментот кога Заев полагаше цвеќе.

„Дај да си славите вие уште еден празник во Бугарија, не овде, ова не е ваша територија“, му рече Јованоски на Заев.

 „Да си посетите психијатар“, му возврати Заев.

 „Ќе видиме кој е за психијатар“, додаде Јованоски.

 „Се гледа“, му рече Заев.

 „Да отидеме заедно ако сакаш“, кажа Јованоски.

 „Срамота“, му рече Заев.

 „Мене срамота? Тебе како не ти е срам“, му возврати Јованоски.

Единствено се појави полицискиот службеник кој се имаше потпишано на пријaвата за прекршокот, кој денеска изјавил дека не бил лично присутен на настанот.

Полициски службеник кој го имаше потпишано, констатирано прекршокот, а кој бил заснован на докази и информации што ги добил од негови колеги, а истото тоа лице во моментот на случувањето на настанот не бил ни присутен на местото, а не бил ниту на смена“, истакна Иван Јованоски, локален модератор на огранокот на Левица во Прилеп.

Јованоски вели дека и понатаму не се чувствува виновен за ништо и сега само ја чека пресудата за случајот. Најавува и контра тужби кон МВР и вели дека доколку ги добие тие дела парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи