Ноќна трка, Критична маса, презентации и други активности во Прилеп за време на Европската недела на мобилност

Општина Прилеп се приклучи кон ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, водечката кампања за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност што секоја година се одбележува од 16 – 22 Септември и промовира промена во однесувањето во корист на активна мобилност, јавен превоз и други чисти, интелигентни транспортни решенија.

За таа цел креираше еднонеделна програма со интересна содржина, за чија реализација ќе се погрижат : граѓаните на Општина Прилеп, Здруженија на граѓани, Спортски клубови и Сојузи, Јавни претпријатија и други најразлични институции од градот.

17 СЕПТЕМВРИ 2022г (сабота)

Автобусите од градскиот превоз ќе возат бесплатно цел ден, а на патниците што ќе го користат јавниот превоз ќе им се делат флаери со претходно подготвена содржина на која ќе биде објаснето кои се предностите од користењето на јавен превоз во споредба со користењето на автомобили. Флаерите ќе ги делат учениците од сообраќајната паралелка при СОУ „Ристе Ристески Ричко“, кои преку целиот ден ќе бидат присутни во автобусите облечени во брендирани маички.

18 СЕПТЕМВРИ 2022г (недела)

Организирано заедничко возење со велосипеди до местото викано Слива каде што прилепските велосипедисти имаат изградено летниковец и освежување на истиот и околината околу него. Учество ќе земат сите велосипедски здруженија и клубови од Прилеп, но слободно ќе можат да присуствуваат сите граѓани на Прилеп кои имаат желба да бидат дел од настанот. (Општина Прилеп ќе набави одредена количина на ракавици и вреќи за ѓубре и во координација со ЈКП „Комуналец“ ќе го исчистат просторот околу летниковецот и сметот ќе го подигнат од местото уште истиот ден. Исто така Општина Прилеп ќе набави 3-4 кг средство за заштита на дрво со кое ќе го премачкаме летниковецот и едно македонско знаме со кое ќе го замениме старото веќе поставено на летниковецот)

19 СЕПТЕМВРИ 2022г (понеделник)

Ден без автомобили. Ќе биде запрен сообраќајот на главната сообраќајница на град Прилеп од 07.00 до 19.00ч. Во периодот додека е запрен сообраќајот на самата сообраќајница континуирано ќе се одвиваат активности координирани од страна на училиштата, детските градинки, НВО, спортски Сојузи и спортски клубови со најразлични теми: прзентација за велосипедизам, презентација за планинарење, возење на ролери, презентација за сообраќајот и сообраќајни правила, тренинг на зумба клубот итн.

20 СЕПТЕМВРИ 2022г (вторник)

Запирање на сообраќајот од 18.00ч до 22.00ч и традиционално организирање на ноќна трка на 5 км ПРИЛЕП ТРЧА.

21 СЕПТЕМВРИ 2022г (среда)

Во изминатите години низ улиците на Прилеп еднаш во месецот се реализира манифестацијата Критична маса на која се собираат голем број на велосипедисти кои возат низ градските улици. Нивната цел е на самите учесници да им се долови (не)почитувањето на сообраќајните правила, интеракција со возачите на автомобили и интервенциите на полицијата. Критична маса е возење точак! Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град. Критична маса нема раководство. Тоа е возење каде никој не е главен. Секој е одговорен за себе и за Масата….. Како дел од Критичната маса, овој пат, покрај сите велосипедски здруженија и граѓаните кои возат велосипед ќе се ангажираат и претставници на сообраќајната полиција кои делуваат со велосипед. При возењето околу градот, волонтерите кои ќе го запираат сообраќајот за да помини групата, ќе им делат флаери на возилата кои чекаат со тема Велосипедски патеки..така ќе делуваат врз возачите на автомобили за да им ја доловат потребата од внимание кон велосипедистите, но и врз градските власти на кои ќе им ја презентираат потребата за изградба на велосипедски патеки низ градот.

22 СЕПТЕМВРИ 2022г (четврток)

Сообраќајното одделение од СОУ Ристе Ристески Ричко Ричко заедно со претставници на одделението за сообраќај на МВР Прилеп ќе имат заеднички активности низ градските сообраќајници (запирање на возила и делење на флаери со подготвената содржина)

Бидете и вие дел од Европската недела на мобилност!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи