Жител од с. Канатларци уапсен при кражба во Битола


На 14.09.2022 во 14.50 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот  при СВР Битола го лишиле од слобода Х. В (52) од с. Канатларци, прилепско.

„Тој бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба”. По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи