ВИДЕО – Ориентација, велосипедизам, планинарење, зумба, извидништво – Прилеп ја одбележува „Европската недела на мобилност“


Прилеп ја одбележува „Европската недела на мобилност“ чија цел е подигање на свеста за одржлива урбана мобилност и се промовираат чисти, еколошки транспортни решенија. Ориентација, велосипедизам, планинарење, зумба, беа само дел од активностите кои се презентираа пред ученците од основните и средните училишта.

Ориентацијата е дел од планинарските спортови, ние користиме мапа и компас и целта е за што побрзо време да се најдат означените знаменца на мапата редоследно. Направивме една патека која е низ центарот на градот со должина од 700 метри возфдушна линија, тоа е нешто полесно за да имаат малку престава за што станува збор. Испечативме мапи, прво ќе имаме едукација во училницата за основните работи за нашиот спорт, а потоа во групи ќе ги праќаме дечињата да ги најдат портокалово-бело обоените знаменца“, рече Мери Чкрипеска, ОК „Златоврв“.

 

Денеска сум јас овде да зборуваме малку повеќе за планинарењето, имам донесено некоја опрема која ќе му биде приложена и на тој начин се надевам дека планинарењето ќе им го доближам и ќе ги мотивирам за почетсто да излезат на планина, бидејќи со новиов начин на живеење и напредната технологија, како и со овој корона период сите, не само децата останавме дома и мислам дека треба да се активираат и ова е еден добар начин како поблиску да ги донесиме овие аутдор активности за сите граѓани“, додаде Маријана Ѓорѓиевска, планинар.

 

Пред децата се претставија и извиднците од Прилеп кои велат дека нивниот број секоја година се зголемува со заинтересирани членови.

Јас како 7 годишен извидник можам да кажам дека во последните неколку години има земено поголем замав, конкретно во Македонија. Низ целиот свет е доста популарно, некаде на светско ниво броиме над 50 милиони членови. Ние нудиме нешто што е посебно, што не секој го нуди, се разликуваме од останатите младински организации и спортските клубови, ние нудиме од се по нешто“,вели Владимир Јорданоски, ИО „Феникс“ – Прилеп.

Пред најмладите се одржаа и превадања за велосипедите и едукација за тоа како дечињата да се движат низ сообраќајот во градот. Велосипедите стануваат се попопуларни кај граѓаните и истите се повеќе започнуваат да се користат за спортски активности низ планините како маунтин бајкот, но и како превозно средство низ градот.

Одзивот е огромен, тука денеска јас сум предавач за планинскиот велосипедизам кој во нашиот град зема се поголем замав, односно се поголем број на деца и возрасни се приклучуваат и излегуваат во планина користејќи го велосипедот како средство, и за рекреација но и за реални потреби низ градот“, кажа Здравко Ристески, претседател на Сојуз на училишни спортови Прилеп.

 

За да се продолжи безбедното движење на сите учесници во сообраќајот кои го одбрале велосипедот како превозно средство мораме да сугерираме и да ги натераме институциите да ја прошират таа велосипедска инфрструктура за сите дечиња да се движат и да стасуваат од дома до училиште безбедно, без да се чувствуваат загрозени од автомобилскиот сообраќај. Со ова сакаме да скрениме внимание дека Прилеп како град е релативно рамен и мал по површина и е идеален за движење на граѓаните на велосипед. Сакаме да ги поттикниме да се движат со велосипедот, да ги остават автомобилите дома“, истакна Даме Димески, здружение „Прилеп На Точак“.

Во активностите кои се презентираа пред учениците од основните и средните училишта се вклучени Здруженија на граѓани, спортски клубови и Сојузи, Јавни претпријатија и други институции. Активностите започнаа во саботата, а ќе трат четврток. Утре ќе има трка на 5 км „ПРИЛЕП ТРЧА“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи