Одбележана 80 годишнината од масакрот кај Дабница направен од страна на бугарскиот фашистички окупатор


По повод 80 годишнината од масакрот кај селото Дабница, денеска пред спомен обележјето поставено на местото каде од страна на бугарскиот фашистички окупатор на 19 септември 1942 година биле стрелани 19 жители од населеното место и од Прилеп, беше положено свежо цвеќе.

Цвеќе положија претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет, Општинскиот одбор на Сојузот на борци и од ООУ Рампо Левката Прилеп.

Споменикот на академскиот скулптор Димо Тодороски поставен во чест на стреланите жители на Дабница и Прилеп, пред дваесетина години беше уништен, за да пред три години биде поставена негова реплика, дело на скулпторот Сашо Попоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи